Посетителите останале ВООДУШЕВЕНИ – Балканци играат СРПСКО ОРО на фестивал (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Пред неколку недели е одржано уште едно издание на најлудиот фестивал на светот „Burning Man“ во Невада, а сега се појавила снимка на група на Балканци кои го фатиле вниманието на посетителите и притоа добро се забавувала.

Во Блек Рок пустината неколку посетители од регионот заиграле српско оро па случајот брзо се претворил во балканска забава. Видеото од нивниот танц се проширил на Фејсбук, а бил прегледан од повеќе од 40.000 луѓе.

https://www.facebook.com/vujadin/videos/10156398727017212/

Многу Балканци останале воодушевени со настапот на веселата група, што го истакнале во коментарите.

„Само нека е етно рејв“, „Опа“, „Тоа, тоа кукло“, „Идемеее“, „Ги пукнале емоции“, пишувало по коментарите.

Инаку, „Burning Man“ е еден од најспецијалните фестивали, бидејќи за неговото времетраење буквално никнува привремен град, кој со десетици илјади посетители секоја година делува неверојатно.

Фестивалот го добил своето име по традиционалното палење на дрвени конструкции кое се одвива за време на целиот фестивал, а на него посетителите можат да ја изразат својата уметничка страна и креативност – баш како што го направиле тоа Балканците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот