Посен рецепт: Ќофтиња од риба во сос од домати

Фото: Профимедиа

Ќофтињата се едно од јадењата кои секогаш се добредојдени на македонската трпеза и кои ќе го задоволат непцето и на најпребирливите.

Домаќинките најчесто ги прават од мелено месо, но можеби е време да пробате нешто поинакво.

Понекогаш е добро да се направат мали промени, а ќофтињата од риба се идеална замена за оние од говедско или свинско месо, особено во деновите на постење.

Состојки:

– 1 кг бела риба или друга риба по избор
– 1 црвена пиперка
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 100 гр презла
– ¼ стар леб
– 200 мл сос од домати
– сол, бибер
– зачини по вкус

Подготовка:

Во тенџере сипете вода, додадете една лажица сол, па ставете ја рибата да се вари 15 минути. Кога ќе биде готова, исчистете ја од коските и кожата, па сомелете ја.

Пиперката, кромидот и лукот исецкајте ги на коцки.

Во загреана тава сипете масло, додадете го кромидот, пиперката и малку вода, па сѐ динстајте 10 минути, а потоа додадете ја рибата и измешајте сè заедно.

Потоа, во тавата додадете лук, сол, бибер и зачини по вкус. Лебот исечкајте го колку што можете поситно, па додадете го во тавата.

Сипете околу 50 мл вода и додадете ја презлата. Сѐ заедно промешајте и пржете уште пет минути.
Смесата оставете ја да се излади, а потоа од неа направете ќофтиња.
Во загреаната тава сипете малку масло, па спуштете ги ќофтињата и пржете ги додека не добијат златна боја.

Намалете ја температурата на минимум, а потоа прелијте ги ќофтињата со сок од домати и варете пет минути.

Ќофтињата послужете ги со вашата омилена сезонска салата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот