Поранешниот француски претседател на тапет: Саркози обвинет за финансирање на кампања со либиски пари

Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е обвинет дека користел либиски пари за својата предизборна кампања во 2007 година, јавија француски медиуми. По четири дена сослушување, тој е обвинет за „злосторничко здружување” во истрагата за сомневања за либиско финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година.

Саркози тврдеше дека е „целосно невин во оваа афера” и жртва на „заговор” по обвиненијата изречени во март во 2018 година за „пасивна корупција”, „прикривање на проневера на јавни средства” и „незаконско финансирање на кампања”.

Случајот со наводното либиско финансирање на кампањата на поранешниот претседател на Франција во 2007 година започна во 2012 година.

Обвинението за „членство во криминален заговор” беше покренато во понеделникот и се додава на обвиненија во 2018 година за „пасивна корупција”, „корист од проневерени јавни средства” и „нелегално финансирање кампања” против Саркози, кој негираше какво било дело.

Доколку биде прогласен за виновен, Саркози може да се соочи со затворска казна до десет години, парична казна од милион евра и пет години забрана да учествува во директни избори. Судењето треба да се одржи во периодот од 23 ноември до 10 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот