Поради трагедијата во Романовце утре прогласен ден на жалост во Куманово

Советот на општината Куманово едногласно го прогласи утрешниот ден за ден на жалост и ги откажа сите активности и манифестации предвидени за утрешниот ден.

Седницата на Советот започна со едно минутно молчење, додека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, изрази сочуство и вети подршка и помош за настраданите во Романовце.

-Истрагата треба да ги открие причините за трагедијата и да излезат со точни информации. Користам прилика да изразам сочувство за двете семејства, бидејќи станува збор за случај каде наши сограѓани ги изгубија животите. Изразувам подршка за семејствата, а на повредените им посакувам да го надминат ова. Со сила им порачам дека сите ние кумановци, без разлика на национална и религиска припадност, сме со нив и ќе ги подржиме институционално и неиституционално и на секаков можен начин- изјави градоначалникот Димитриевски.

Сочуство изразија со кратки говори и другите координатори и советници од сите партии претставени во Советот на Општина Куманово.

Претседавачката на советот, Атина Мургашанска, во неофицијален разговор со новинарите, рече дека заради прогласените избори не може да се донесе одлука за директна финансиска помош, но ќе се најдат други алтернативи за помош на семејствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот