Поради продажба на оружје на Азербејџан: Ерменија го отповика својот амбасадор во Израел

Фото: 1news.az

Ерменското Министерство за надворешни работи го отповика својот амбасадор во Израел поради консултации за наводната израелска продажба на оружје на Азербејџан.

– Израелскиот начин на работа е неприфатлив. Министерството мора да го отповика својот амбасадор во Израел, изјави портпаролката на ерменското Министерство за надворешни работи.

Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), Израел од 2006 до 2019 година извезол оружје во Азербејџан во вредност од околу 825 милиони долари. Азербејџан купил израелски дронови, митралези, противтенковски ракети и ракетни системи земја-воздух.

Петти ден продолжува судирот помеѓу Ерменија и Азербејџан. Судирот почна на 27 септември, кога азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека ерменската армија гранитирала цели на линијата на разграничување во Нагорно-Карабах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот