Поради обнова на мост од утре се затвора патот Лакавица-Неготино

Фото Миа

 Од утре целосно ќе биде во прекин соообраќајот на патниот правец Лакавица – Неготино поради најавени активности за рехабилитација на мост број 3 на регионалниот пат П1103, втора фаза.

Според известувањето од Дтг Жикол Дооел Струмица сообраќајот на овој патен правец ќе биде во прекин во времетраење од пет месеци, информира Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци на кашест снег. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот