Поради немање услови дислоцирани неколку избирачки места во Кавадарци

фото: МИА

Дислоцирани се неколку избирачки места во Кавадарци, а има и измени во влезови на некои од местата за гласање пред претстојните предвремени парламентарни избори. Ова попладнево на прес-конференција го соопшти Зоран Костов, претседател на Општинска изборна комисија.

-Најзначајните измени се однесуваат на дислокација на неколку избирачки места каде нема услови за спроведување на гласање, според препораките за однесување во услови на пандемија, информираше Костов.

Промените ќе бидат соодветно обележани и на самите локации, каде ќе се постават табли со патокази, за насоката по која треба да се движат гласачите.

Костов апелираше до гласачите да се почитуваат препораките за заштита како превенција од коронавирусoт, да се носат заштитни маски и да се држи дистанца пред местата за гласање. Нагласи дека на сите влезови во избирачки места ќе има средства за дезинфекција, ќе се почитуваат гласачките протоколи и додаде дека очекува на денот на гласањето да нема никакви проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот