Поради коронавирусот во светот откажани над 28 милиони операции

Научниците собраа информации од хирурзи од 359 болници и 71 земја за откажување на планирани операции.

Околу 28,4 милиони планирани операции се откажани или одложени низ целиот свет, како резултат на епидемијата на Ковид-19, според меѓународна студија на група хирурзи CovidSurg Collaborative објавена денеска.

„Во 12-те недели на прекинати болнички активности како резултат на Ковид-19, 28,4 милиони интервенции беа откажани или одложени низ целиот свет, па пациентите чекаа подолго од очекуваното за решавање на нивните здравствени проблеми”, соопшти болничкиот центар во Рен, француски партнер во истражувањето.

Таа меѓународна студија беше водена од научници од Универзитетот во Бирмингем и објавена во British Journal of Surgery. Научниците собраа информации од хирурзи од 359 болници и 71 земја за откажување на планирани операции.

Според податоците, „секоја нова недела на прекинување во болниците предизвикува 2,4 милиони нови откажувања”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот