Поради коронавирусот САД го одложија самиот на АСЕАН во Лас Вегас 

Одлуката била донесена во момент на засилени стравувања дека коронавирусот може да се прошири низ САД.

САД го одложија самиот на Асоцијацијата на земјите од југоисточна Азија (АСЕАН) што требаше да се оддржи на 14 март во Лас Вегас, заради појавата на епидемијата на коронавирус, јавија британските медиуми, повикувајќи се на два извора од американската администрација.

Претседателот Доналд Трамп ги повика лидерите на 10-те земји членки на АСЕАН на самит во Лас Вегас, бидејќи самиот не присуствуваше на претходниот, во ноември, во Бангкок.

Британските медиуми наведуваат дека Стејт департментот не одговори на повикот да ја искоментира оваа вест.

Одлуката била донесена во момент на засилени стравувања дека коронавирусот може да се прошири низ САД.

Амреканскиот државен секретар Мајк Помпео во понеделникот изјави дека продолжуваат подготовките за самитот, и покрај епидемијата на корнавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот