Поради компјутерска грешка не работат голем број бензински пумпи во Иран

Бензинска во Иран / Фото EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Речиси 70 отсто од бензинските пумпи во Иран престанаа да работат поради компјутерска грешка, соопшти денеска министерот за нафта Џавад Ојви, пренесува Ројтерс.

Најмалку 30 отсто од бензинските пумпи работат, а останатите постепено ги решаваат прекините во сервисот“, објави Овји на телевизија. Од утрово голем број пумпи низ Иран, особено во главниот град, престанаа да работат.

„Потврден е софтверски проблем во системот за гориво на некои станици низ земјата, а експертите во моментов го решаваат проблемот“, рече Реза Навар, портпарол на Асоцијацијата на ирански бензински пумпи.

Државната новинска агенција Фарс пишува дека не е исклучена можноста за сајбер напад. Таков напад се случи на крајот на 2021 година, кога беше прекината продажбата на гориво и се формираа огромни редици низ цел Иран. Техеран потоа ги обвини Израел и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот