Популарноста на Путин на рекордно ниско ниво

Само 12 отсто од лицата на возраст меѓу 18 и 24 години го одобруваат работењето на Путин.

Поддршката на Русите кои ја одобруваат работата на претседателот Владимир Путин падна на досега најниско ниво од 59 отсто, објави агенцијата за истражување на јавното мислење, Левада Центар.

Путин и понатаму е популарен меѓу оние кои имаат „мали шанси да го подобрат својот живот“, како што е старата популација како и дел од жителите во руралните средини.

Само 12 отсто од лицата на возраст меѓу 18 и 24 години го одобруваат работењето на Путин.

Анкетата е спроведена во месец Април кога бројот на заразени и починати од корона вирусот во земјата почна да ја надминува Кина.

Расте незадоволството кон државата и кај оние лица кои „не ја добиле очекуваната помош за време на растечката економска криза“, се вели во резултатите од анкетата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот