Поплави, суши, климатски промени: За шест месеци се раселени 10 милиони луѓе во светот

Протести за климатските промени / Фото: EPA-EFE/ANSA/CLAUDIO PERI

Поради природни катастрофи, како што се поплави и суши, предизвикани од климатските промени во последните шест месеци во светот се раселени 10,3 милиони луѓе од кои повеќето во Азија, соопшти Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC).

Иако податоците опфаќаат само шест месечен период од септември во 2020 година до февруари во 2021 година, тие, сепак, покажуваат глобален растечки тренд на раселување поради климатските промени.

Климатските промени ги влошуваат постојните фактори како што се сиромаштијата, конфликтите и политичката нестабилност. Шеесет отсто од внатрешните раселувања во изминатите шест месеци се регистрирани во Азија.

Статистичките податоци од Центарот за следење на внатрешното раселување покажуваат дека просечно 22,7 милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови годишно. Оваа бројка, исто така, вклучува луѓе засегнати од геофизички феномени како што се земјотреси и вулкански ерупции, но повеќето се од метеоролошки појави.

Во светот во 2018 година беа раселени 17,2 милиони луѓе, а во 2019 година – 24,9 милиони. Податоците за 2020 година сè уште не се објавени, но до средината на годината 9,8 милиони се раселени поради природни катастрофи.

Повеќе од една милијарда луѓе се очекува да бидат принудени да ги напуштат своите домови до 2050 година поради конфликти и еколошки фактори, се наведува во минатогодишниот извештај на Институтот за економија и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот