Поништени пресудите против поранешниот бразилски претседател: Да Силва може повторно да се кандидира

Фото: EPA-EFE/FERNANDO BIZERRA

Судија на Врхопвниот суд во Бразил нареди поништување на сите обвинителни пресуди за корупција на поранешниот претседател Луиз Инацио Лули да Силва со што се отвора пат да биде можен противкандидат на Жаир Болсонаро на претседателските избори во 2022 година.

Денешната одлука на судијата Едсон Факин одекна како бомба низ Бразил, тврдејќи дека судот во Коритиба што го осуди Да Силва во четири процеси бил ненадлежен за такви случаи.

Тие процеси сега ќе ги води сојузниот суд во Бразилија, па во исчекување на пресудите, се враќаат политичките права на Да Силва.

– Лула е недолжен, е напишано на Твитер профилот на Работничката пратија што Да Силва ја основа во 1980 година.

Тој одлежа 18 месеци во затвор, од април во 2018 година до ноември во 2019 година, по што беше ослободен врз основа на колективна одлука на Врховниот суд без можност да се кандидира.

Но, сега, според едно неодамнешно истражување, важи како единствен кандидат кој може да го победи Болсонаро на изборите догодина. Според резултатите, 50 отсто од анкетираните би гласале за Да Силва наспроти 44 отсто за Болсонаро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот