Помпео: Патријархот Иринеј беше почитуван лидер, кој остава трајно наследство за идните генерации

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изрази сочувство за Српската православна црква и нејзините верници за смртта на патријархот Иринеј, наведувајќи дека тој бил инспиративен лидер, почитуван и ценет и надвор од Србија.

„Во име на американскиот народ изразувам најдлабоко сочувство за упокојувањето на неговата светост, српскиот патријарх Иринеј“, наведе Помпео.

Во пораката, која на Твитер ја пренесе и Амбасадата на САД во Србија, Помпео наведе дека Иринеј бил „инспиративен лидер, почитуван и ценет и надвор од Србија и СПЦ“, и дека неговата посветеност на црквата и нејзините верници „остава трајно наследство за идните генерации“.

„Нашите мисли и молитви се со сите припадници на Српската православна црква во овие тешки мигови“, напиша шефот на американската дипломатија.

Помпео додаде дека патријархот Иринеј „ќе остане запамтен по силното и инспиративно лидерство низ верата, мудроста, и љубовта“.

Патријархот Иринеј почина во петокот од последиците на заразата од коронавирусот.

Почина српскиот патријарх Иринеј

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот