Помошта за исплата на продадено винско грозје ќе се применува за уште шест сорти – Слободен печат
ВестиМакедонија

Помошта за исплата на продадено винско грозје ќе се применува за уште шест сорти

Како што соопшти владината прес-служба, се проширува примената на мерката и на неколку сорти на винско грозје.

Владата денеска усвои Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за утврдување дополнителна помош како мерка за исплата на продадено винско грозје.

Како што соопшти владината прес-служба, се проширува примената на мерката и на сортите на винско грозје: сирах, малвазија, бургиндец црн, кратошија, семијон и мускат отонел.

Во соопштението се наведува дека целта на одлуката е производителите на овие сорти да не бидат во понеповолна положба во однос на останатите производители на винско грозје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close