Полскиот претседател во Њујорк ќе се сретне со Трамп

Трамп и Дуда / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда на вечера во Њујорк. Контроверзниот состанок ќе се одржи во момент додека лидерите на ЕУ се подготвуваат за можноста за враќање на Трамп во Белата куќа и можните последици по НАТО и финансирањето на Украина, која се брани од руската инвазија.

Во соопштението за медиумите советничката на полскиот лидер Малгожата Папрочка изјави дека „денес нема поважен партнер на Полска во меѓународните односи од САД и токму во тој контекст треба да се набљудува овој состанок“.

Дуда долго време го изразува своето воодушевување од Трамп, во еден момент сугерирајќи дека американската воена база во Полска, земја која е еден од најверните сојузници на Америка, може да се нарече „Тврдина Трамп“, иако до тоа никогаш не дојде. Кога Дуда се кандидираше за реизбор во 2020 година, Трамп го угости во Белата куќа, со што му даде поддршка.

Полскиот премиер Доналд Туск, противник на Дуда, го критикуваше претседателот за неговата подготвеност сега да се сретне со Трамп, опишувајќи го состанокот како форма на мешање во изборната кампања во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот