Половина од британската популација ја примила првата доза од вакцината

Скопје, 31 март 2021 / ФОТО: Драган Митрески - СП.

Се проценува дека во Велика Британија има вкупно 66.796.807 жители, така што последните бројки покажуваат дека повеќе од половината од популацијата досега биле вакцинирани со првата доза на вакцина за коронавирус.

Повеќе од половина од вкупната британска популација или 33.496.293 лица ја примила првата доза на вакцина против коронавирусот, покажуваат најновите податоци на здравствените власти во земјата.

Се проценува дека во Велика Британија има вкупно 66.796.807 жители, така што последните бројки покажуваат дека повеќе од половината од популацијата досега биле вакцинирани со првата доза на вакцина за коронавирус.

На подрачјето на Англија до 24 април, од вкупно 38.189.536 дадени дози на вакцина, 28.102.852 отпаѓаат на првата доза, пренесе ДПА.

Нови податоци до 24 април треба да достават и здравствените власти на Велс, Шкотска и Северна Ирска.

Експертите истакнуваат дека вакцините треба под контрола да ја стават пандемијата на Ковид-19. Тие ги соопштија најновите податоци според кои вакцините го намалија бројот на заразени лица во Велика Британија, и веројатно ќе го намалат ширењето на коронавирусот.

Само една доза на вакцини „Фајзер”/„БиоНТек” или „АстраЗенека” за две третини ги намалуваат корорнарните срцеви заболувања и се 74 отсто ефикасни кај симптоматската инфекција.

По примени две дози од вакцината „Фајзер” забележано е 70-процентно намалување на случаите на заразување и 90 проценти намалување на бројот на симптоматски случаи на болеста.

Експертите се уште собираат податоци за ефикасноста на двете дози на „АстраЗенека”, но тврдат дека нивните податоци сугерираат дека и двете вакцини се ефикасни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот