Полна Месечина во Риби пристигнува на 10 септември: Овие 3 знаци ги чека хаос

Полна месечина
Полна месечина / Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Во септември дури шест планети ќе одат ретроградно, а нè очекува и озлогласениот ретрограден Меркур, но и покрај ова, септемвриската полна Месечина е одлично време да се опуштите во сопствениот мал свет и да се фокусирате на вашите очекувања, желби и соништа.

Овој месец полната Месечина на небото ќе се појави на 10 септември, а оваа мене нè мотивира да се подготвиме и да правиме планови за промена на сезоната. Иако полната Месечина е период за преземање акции, овој пат поради интензивната ретроградност, подобро би било да почекате со плановите и конкретните потези.

Во секој случај, целосната Меса ќе донесе малку драма како и секогаш, особено за следните три хороскопски знаци:

Близнаци

Ова е многу важен период за вашата кариера и имиџот во јавноста, па можно е да чувствувате притисок околу тоа каков впечаток оставате на околината. Ова за вас ќе биде период полн со акции и можеби ќе се чувствувате принудени да направите големи, клучни потези, но ова не е моментот за такви одлуки. Подобро смирете се и прологирајте што е можно подолго за да донесете клучни одлуки, пишува „Bustle“.

Девица

Полната Месечина во Риби особено ќе влијае на вашите односи. Можно е повторно да стапите во контакт со некои поранешни љубови, додворувачи или пријатели, особено за време на ретроградниот Меркур. Ова е можност да тестирате колку сте цврсти кога станува збор за развивање здрави односи. Оваа мена ќе ве поттикне да заборавите на гневот или старите аргументи кои ве спречувале да се помирите и ви даваат знак да продолжите напред. Веројатно ќе бидете збунети околу тоа кој е добар за вас, а кој не, но полната Месечина ќе ви помогне да го сфатите тоа, дури и ако ви биде болно да откриете дека некој не е онаков каков што сте мислеле дека сте.

Риби

Оваа полна Mесечина ќе ја одбележи вашата посветеност на различни меѓучовечки односи. Ќе доживеете целосно емотивно ослободување и ќе бидете почувствителни од вообичаено, а бидејќи сте и еден од најранливите знаци во Зодијакот, подгответе се за период наполнет со емоции. Преземете одговорност за тоа како се чувствувате и потрудете се да не ги повторувате негативните обрасци од минатите врски – тоа е рецепт за „катастрофа“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот