„Политико“ со порака до Унгарците и Полјаците: Гледајте и учете од Борисов, кој одлично ја разбира играта во ЕУ

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Унгарците и Полјаците треба да гледаат и да учат од бугарскиот премиер Бојко Борисов, вистински мајстор за тоа како се игра играта на владеењето на правото во ЕУ, пишува „Политико”.

– На домашен фронт, Софија е во политичка криза која трае веќе три месеци, бидејќи се зголемуваат тензиите околу тоа дека олигархиската мафија ефикасно ја зазеде државата. Но, Борисов беше насмеан кога пристигна денеска во Брисел, крајно свесен дека незастрашувачкиот извештај на Комисијата за владеењето на правото, објавен вчера, не му донесе главоболки, пишува „Политико“.

– Всушност, Борисов се заблагодари и ја пофали Комисијата за нејзиниот „крајно објективен” извештај за Бугарија. Тој смета дека извештајот повеќе претставува приказ на преостанатите чекори што Бугарија треба да ги преземе за да биде „одличен ученик“, пренесува БГНЕС.

„Политико“ додава дека бугарскиот премиер многу добро ја разбира играта во Европската Унија (ЕУ). „Со пријателите од Европската народна партија, како што е германската канцеларка Ангела Меркел, тој знае дека може само да ветува и да не реализира. Во Бугарија сè уште нема осуди за корупција на високо ниво“.

Европската комисија за првпат објави извештај со анализа на владеење на правото во сите земји на ЕУ, кој нотира многу проблеми кога станува збор за Бугарија.

– Извештајот на Европската комисија ги констатира проблемите што со години се очигледни за Бугарите. Но, кога го коментираме овој извештај, мора да сфатиме дека колку што е критички настроен кон Бугарија, толку е самокритичен и кон самата ЕУ, бидејќи тоа е признание за долгогодишен неуспех во борбата против неконтролираната корупција, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев по повод извештајот за Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот