Полициска акција во Варвара: Го бараа како осомничен за опожарување на возило, му пронајдоа и оружје без дозвола

Лисици
Апсење / Фото: МИА

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал денеска извршија претрес во дом и помошни простории кај А.М. (37) со престојувалиште во скопското село Варвара.

Лицето се сомничи дека извршило кривично дело „предизвикување општа опасност што е казниво по член 288 од КЗ на РСМ на 4 јануари оваа година, кога на улица „Јабланица во Скопје било опожарено патничко моторно возило „aуди А4 со скопски регистарски ознаки.

Oд пожарот било зафатено уште едно патничко моторно возило „форд мондео. При извршениот претрес, кај А.М. е пронајден и одземен пиштол, рамка со куршуми како и поголема количина на куршуми за кои истиот не поседувал одобрение. Лицето е лишено од слобода.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот