Полициска акција во северно Косово, уапсени две лица осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ (ВИДЕО)

Принтскрин

Специјалната едница на Косовската полиција, денеска во раните утрински часови започна акција во српските општини на Косово, при што биле уапсени две лица. Косовапрес пренесува дека лицата се уапсени по наредба на Специјалниот суд и се осомничени дека се вклучени во убиството на Оливер Ивановиќ.

Еден од уапсените е Раде Басара, полициски истражител од Косовска Митровица. Тој ја водел истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ и е осомничен за прикривање на докази. Според извори на Косовапрес, полицијата сакала да уапси и трето лице, Жељко Бојиќ, шеф на оперативната полициска служба за регионот на Северна Митровица.

Уапсените биле пренесени во Приштина, додека во овие моменти акцијата продолжува во општината Лепосавиќ. Истиот медиум го контактирал заменик-директорот на Полицијата во Северна Митровица, Бесим Хоти, но тој не открил детали, велејќи дека акцијата била предводена од официјална Приштина.

Инаку, околу 100 полицајци учествувале во оваа акција.

Оливер Ивановиќ, поранешен министер и пратеник во косовското Собрание беше претседател на СДП, а беше убиен на 16 јануари 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот