Полициска опсада на зградата на Ал Џезаира во Тунис, вработените избркани

EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Туниската полиција денес ги окупираше просториите на агенцијата Ал Џезаира во главниот град на Тунис и ги протера сите вработени, откако агенцијата ја нарече преврат одлуката на претседателот за соборување на владата.

Најмалку 10 вооружени полицајци влегоа во канцелариите на агенцијата без налог за претрес и тврдејќи дека ги извршувале наредбите на судските органи, пренесува Ал Џезаира.

Телефоните на вработените и друга опрема за пријавување беа одземени, а на вработените не им беше дозволено да се враќаат во зградата заради нивните лични работи.

Тунискиот претседател Каис Сајед вчера го суспендираше парламентот и го ослободи од должноста премиерот Хишам Мешиши, што неговите политички противници го осудија како напад врз демократијата, додека други го поздравија со прослава на улиците.

Сајед рече дека ќе ја преземе извршната власт со помош на новиот премиер откако избувнаа насилни протести во неколку туниски градови, поради непостапување на владата за време на пандемијата и поради лошата економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот