Полицијата и инспекторите во контрола на шест отпади во Карпош

pixabay

Вчера од полициски службеници Единицата за економски и компјутерски криминал и полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), извршена е акциска контрола на шест правни лица – отпади на подрачјето на Карпош во Скопје.

Во рамки на акциската контрола во четири од правните лица, од страна на ДПИ е констатирано дека немале соодветна документација за водење на материјална евиденција, а во едно од нив од страна на ДИЖС е констатирано дека не поседувало дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад.

За констатираните неправилности од полициските службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал ќе биде известен Јавен обвинител, а од страна на инспекторатите ќе бидат изречени соодветни санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот