Покрената истрага против поранешен босански министер: Правел пена-забава во река, пуштил хемикалии во реката (ВИДЕО)

Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, кој во моментов е член на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, Драган Мектиќ на Твитер објави видео на кое е прикажано како скока во реката Укрина.

Мектиќ напиша: „Пена-парти на мојата река Укрина, мостарската ластовица моментално лета”.

Видеото го прикажува како скока во реката, каде што има и многу пена.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска ја осуди забавата на Мектиќ, а Инспекторатот на Република Српска го истражува случајот.

Од Министерството велат дека е несфатливо поради забава да се пуштат хемикалии во реката и дека ќе инсистираат на одговорност на сторителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот