Покетино наскоро ќе биде новиот менаџер на Челси?!

фото: EPA-EFE/Christophe Petit Tesson

Изминатиот период британскиот „Атлетик“ информираше дека Челси до крајот на неделата ќе го именува Маурисио Покетино за нов менаџер на лондонскиот клуб.

Раководството на Челси го смета како долгорочно решение на позицијата менаџер, пренесува новинарот на „Атлетик“, Дејвид Онштајн.

Френк Лампард ќе го води Челси до крајот на сезоната, а го замени Грем Потер кој доби отказ поради лошите резултати. Покетино е без работа откако минатата година го напушти ПСЖ, а во претходните месеци тој одби понуди од неколку европски клубови.

Според новинарот Фабрицио Романо се очекува во следните денови да биде потпишан договор, но Аргентинецот ќе стартува од јуни како нов менаџер на клубот од „Стемфорд Бриџ“, а Лампард ќе остане привремен тренер.

Покетино ќе донесе свои луѓе за стручниот штаб, а веднаш и ќе разговара за трансфер стратегијата на клубот.

Легендата на лондонските „сини“, Лампард: Апсолутно сега би потпишал за Челси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот