Погледнете колку милиони треба да им исплати Вајнстин на жените кои го обвинија за сексуално злоставување!

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Харви Вајнстин и упрвата на неговото банкротирано филмско студио постигна договор за исплата на 25 милиони долари на десетина жени кои го обвинија поранешниот холивудски продуцент за сексуално злоставување – објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на адвокатите кои се вклучени во преговорите.

Спогодбата ќе стави крај на сите граѓански тужби на сметка на актерот, кој беше обвинет за сексуално вознемирување и силување, пишува реномираниот весник.

Инаку на Харви му е зголемен и износот на кауција од скоро еден милион на дури пет милиони долари поради кршење на правилата за условна казна.

Осигурувањето на поранешното филмско студио ќе ја изврши исплатата.

Адвокатите на продуцентот одбија да коментираат во врска со случајот.

Инаку тој беше обвинет од повеќе од 70 жени за сексуално вознемирување, меѓутоа тој ги отфли тие обвинувања и кажа дека сите сексуални односи се случиле по обострана желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот