Поднесено обвинение за злоупотреби при издавањето возачки дозволи

Возачки дозволи/ Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 36 лица, од кои петмина се товарат за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите 31 за поттикнување при извршувањето на тоа кривично дело, согласно член 353 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик.

Петтемина обвинети, вработени во Одделението за управни работи Скопје, Сектор за управно надзорни работи, Оддел за граѓански работи при МВР во повеќе наврати ја искористиле својата службена положба и овластување.

Имено, во периодот од 26.11.2019 до 19.05.2020 година, поттикнати од останатите обвинети, тие пополнувале барања за издавање возачка дозвола во кои внесувале невистинити податоци, ги пуштале во процедура, вршеле одобрување и издавале возачки дозволи. На овој начин тие им овозможиле на подносителите да се стекнат со возачки дозволи од Б категорија, иако не ги исполнувале условите за тоа, односно немале положено возачки испит.

За првоосомничениот, за кого во текот на претходната постапка беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител достави предлог за продолжување на притворот.

Со претходната постапка во овој предмет беа опфатени уште три лица вработени во Одделението за управни работи при МВР, но со направените проверки не се утврди дека тие презеле незаконити дејствија. Од тие причини, надлежниот јавен обвинител донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против овие три лица.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот