Подгответе го житото како вашите баби: Три трика за најдобрата пченица за слава

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Без жито, односно пченица, невозможно е да се замисли празнична (за слава) трпеза со векови наназад. Покрај славското жито, неизоставни се и виното, свеќите и славскиот колач. Секој од нив носи посебна симболика. Пченицата е всушност симбол на вечниот живот и на воскресението, а се верува дека просеаните зрна пченица носат нов живот.

Пченицата најдобро се подготвува по традиционалниот рецепт на нашите баби. За овој рецепт ви треба побела пченица, шеќер, мелени ореви, ванилин шеќер и малку морско оревче.

Но, за да ви се погоди славската пченица и за да има најдобар вкус, треба да знаете три работи. Токму тие можат да го подобрат или да го расипат вкусот на пченицата.

Кога ќе ја сварите пченицата, оставете ја да се излади и процедете ја додека е уште млака. Но, не никако немојте да ја миете пченицата! Потребно е пченичниот скроб да остане со житото, така што плакнењето е погрешен чекор.

Друг важен чекор е блендирањето на пченицата на малку поголеми парчиња. Треба да внимавате пченицата да не биде премногу иситнета.

Кога ќе додадете ореви, шеќер и морско оревче во пченицата, состојките измешајте ги со раце, исто како што тоа го правеле и нашите баби.

Овие три совети се многу се важни доколку сакате вашата празнична пченица да биде во духот на минатите времиња и традиција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот