Фото: Инстаграм/Селена Гомез/„Рер бјути“

„Поддржуваш терористи“: Селена Гомез најави помош за Палестинците

Селена Гомез повторно доби критики за конфликтот меѓу Израел и Хамас, а овој пат е обвинета за поддршка на терористите откако нејзиниот козметички бренд „Рер бјути“ објави донации за Палестина.

Пејачката неодамна преку профилот на „Рер бјути“ испрати порака за хуманитарната криза во Газа и најави дека брендот ќе донира пари за да им помогне на оние кои имаат потреба, но нејзините фанови не го прифатија тоа добро.

„Илјадници невини палестински цивили се убиени во израелските воздушни напади, а милиони цивили се раселени и оставени без пристап до храна, вода, лекови или основни потреби за опстанок“, пишува на профилот на брендот.

Од „Рер бјути“ истакнаа дека „голем број од овие жртви се деца и дека палестинските цивили мора да бидат заштитени“. Тие исто така истакнаа дека се скршени од терористичкиот напад врз невини цивили во Израел на 7 октомври. Тие потоа рекоа дека ќе донираат за хуманитарни организации кои ѝ помагаат на Палестина.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Оваа одлука не им се допадна на нејзините обожаватели – додека некои ја повикаа на лицемерие откако ги напушти социјалните мрежи, други ја обвинија дека поддржува терористи.

„Престанете да го поддржувате тероризмот. Хамас е ИСИС и тие го користат народот во Газа како жив штит. Користете ја вашата платформа против Хамас. Ја избравте погрешната страна на историјата“, гласи еден од коментарите.

Други, пак, сметаат дека тоа е само пи-ар потег.

„Тоа не е хуманитарна криза. Тоа е геноцид извршен од армијата што директно ја финансиравте. Какви пи-ар глупости се ова?“, напиша еден корисник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот