Поддршка од скопските градоначалници за полициските служби за време на полицискиот час

Градоначалниците на скопските општини заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и во придружба на заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска посетија поголем број полициски пунктови во сите скопски општини, а го посетија и СВР – Скопје.

– Со оваа заедничка иницијатива на скопските градоначалници се искажува голема благодарност до полициските служби што деноноќно го чуваат Скопје и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба, како и благодарност до граѓаните на сите скопски општини кои покажуваат висок степен на одговорност за време на празничниот полициски час и ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

Во денешната обиколка, се посочува во соопштението, скопските градоначалници на сите полициски службеници на пунктови, полициски станици, мобилни патроли им даваа освежителни пијалоци, во знак на поддршка што во овие вонредни околности деноноќно се грижат за безбедноста во сите општини на Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот