Почнува сезоната во Првата МФЛ: За прв пат во историјата без Вардар

Фото: ФК Шкендија

Денеска на фудбалските терени низ Македонија започнува новата сезона во Првата фудбалска лига која ќе биде историска. За прв пат од осамостојувањето, дел од првата лига нема да биде најтрофејниот македонски тим, Вардар кој минатата сезона испадна во Втората лига.

Поради милионските долгови направени од претходниот сопственик Сергеј Самсоненко и кои доведоа до тоа најголем дел од играчите да си замина, го „однесоа“ Вардар во Втората лига откако минатата сезона го освои претпоследното 11 место на табелата.

Титулата ќе ја брани екипата на Шкендија која минатата сезона дојде до четвртата шампионска титула, а е главен фаворит за титулата и во новата сезона.
Како најголем конкурент на Шкендија, пред стартот на новата сезона се смета екипата на Шкупи која беше единствена од македонските екипи која помина едно квалификациско коло во европските купови.
Својата шанса ќе ја бараат и Македонија ЃП, Работнички, Струга ТЛ, Академија Пандев. Нови прволигаши се Тиквеш, Брегалница Штип и Скопје.  

Двојки за прво коло  (денеска, 17:30 ч.);
Работнички – Борец
Тиквеш – Шкендија
Брегалница  – Шкупи
Ренова – Скопје
Македонија ЃП – Пелистер
А. Пандев – Струга ТЛ (20 ч.)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот