Почнува наплата на патарина низ Грделичка клисура во Србија

Од сабота ќе започне наплата на патарина и на нововотворената делница низ Грделичката клисура, на автопатот Е-75 од Дољевац до Прешево кон Северна Македонија, соопштија од Јавното претпријатие „Патишта на Србија“.

Патарината за патнички возила ќе изнесува 540 динари или околу 4,5 евра. Патарината, ќе почне со работа в сабота на 15 јуни, во 12 часот, а за автобуси ќе изнесува 1.620 динари и за камиони 3.240 динари.

Како што пред десет дена најави директорот на „Патиштата на Србија“ Зоран Дробњак, српската Влада го прифатила барањето за зголемување на цените на патарината за автопатиштата низ Србија за 12 отсто, а новите цени ќе стапат во сила од 1 јули.

Според ова, возачите од Северна Македонија кои патуваат од Прешево до Белград со автомобил, од 1 јули со новата патарина низ Грделичка клисура од 540 динари и со покачување на цените од 12 отсто, ќе плаќаат во еден правец 1.740 динари или речиси 15 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот