ПОЧНА СЕЛЕЊЕТО НА ПРЕДМЕТИТЕ ОД СЈО ВО ОЈО: Вработените остануваат во СЈО

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Утринава почна примопредавање на предметите од СЈО во ОЈО. Формирана е Комисија од сите обвинители во ОЈО и очекувам до крајот на денот да ги преземеме предметите. Откако ќе ги добиеме предметите, ќе има попис на списи дали одговара со содржината на предметите по што ќе се одлучи за надлежноста на предметите. До тој момент сите предмети остануваат кај обвинителите во СЈО, рече по денешната средба во специјалното обвинителство републичкиот обвинител Љубомир Јовевски.

– На сила се сите безбедносни мерки за предметите. Се што ќе остане тука ќе се запази целата процедура. Ние не го тангираме статусот на СЈО. Вработените си остануваат во СЈО и за нив треба соодветно да се реши нивниот иден работен однос – рече Јовевски.

За писмата од Јанева тој рече дека воопшто не се доведува исправноста на писмата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот