Почна реконструкција на тоалети во кумановската гимназија „Сами Фрашери”

EPA-EFE/VASSIL DONEV

Почна реконструкцијата на тоалетите во кумановската гимназија „Сами Фрашери”, информираа денеска надлежните од училиштето. Санацијата се спроведува на два одделни ката од училиштето. Ќе се реконструираат вкупно пет тоалети во зградата на поранешен „Зик” каде настава следат учениците од оваа гимназија.

-Реконструкцијата се одвива во период кога се спроведува онлајн наставата. Се надеваме дека од наредната учебна година, ќе се подобрат условите за физичко присуство на наставата со подобрени услови од аспкет на хигиена-изјави директорот на училиштето, Африм Алити.

Претходно, гимназијата набави 18 паметни табли и 26 компјутери. Таблите се распределени за секоја училница, а компјутери за училниците и кабинетите. Наскоро се очекува да се набават и потребни средства за изведување на кабинетската настава по физика, хемија и биологија.

Инаку, во зградата на поранешен ЗИК, каде е сместена гимназијата „Сами Фрашери” настава следат 800 ученици на албански наставен јазик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот