Почна проектот „ТВ училница“

На програмата на МРТВ предвидено е наставници да предаваат лекции кои во овој период требаше да бидат совладани согласно со наставните планови и програми.

Македонскиот национален сервис од денеска почна со емитување на едукативна програма на трите канали. „ТВ училница“ е предвидено да емитува едукативни содржини по предметите кои учениците ги изучуваат во училиште.

Првата емисија на македонски јазик почна во 10.30 часот на МТВ 1, а во 12.15 часот на МТВ 2 ќе следи програма на албански јазик.

На програмата предвидено е наставници да предаваат лекции кои во овој период требаше да бидат совладани согласно со наставните планови и програми, а за децата од претшколска возраст ќе се емитуваат едукативни емисии и приказни согласно со нивната возраст.

Првата тема е посветена на хигиената затоа што, како што соопшти МОН, таа е секогаш исклучително важна, но особено во овој период мора да биде подигната на највисоко ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот