Почина Жилиет Греко, икона на француската шансона

Фото: EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Жилиет Греко, икона на француската шансона, почина денеска во 94 година од животот, соопшти нејзиното семејство.

– Жилиет Греко почина опкружена со своите сакани и во својот дом во Раматие. Имаше искчлучителен живот, наведоа роднините.

Кон средината на 40. години од минатиот век, романописецот Роман Кено и филозофот Жан Пол Сартр ги напишаа песните што и го донесоа првиот голем успех на Греко во нејзината блескава кариера. Пееше песни на Жак Превер, на Бертолд Брехт, на Борис Вијан, на Франсоа Саган и на Серж Гензбур.

По настапите во легендарните париски кабареа, замина за Њујорк каде стекна светска слава. Во автобиографијата „Жижиб“, нејзин прекар од детството, таа пишува за апсењето на нејзината мајка и сестра во Втората светска војна поради што и политички се ангажирала.

На концерт во Чиле, во 1981 година во ерата на Августо Пиноче, се осуди да пее само забранети песни, а по настапот, во придружба на чилеански војници, беше отпратена до аеродромот во Сантијаго и со првиот авион беше вратена во Франција.

По бракот со џез трубачот Мајлс Дејвис, Греко имаше уште неколку. Се омажи со актерот Филип Лемер, потоа со Мишел Пиколи и на крај со Жерар Жуан. Во 2015 година одржа проштална турнеја што ја нарече „Мерси“ и која траеше 12 месеци. Во животот доби и две улоги на филмското платно – во филмовите „Орфеј“ во 1950 година на Жан Кокто и осум години подоцна во „Добар ден таго“ на Ото Премингер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот