Почина Владимир Пановски, претседателот на Скијачката федерација на Македонија

Македонското скијање остана без една од најважните и најзначајните личности во историјата, на 74-годишна возраст, почина претседателот на Скијачка федерација на Македонија, Владимир Пановски.

Во Скијачката федерација Македонија беше активен од 2002 година, како долгогодишен потпретседател, а од 2018 година и претседател на федерацијата.

Тој беше врвен спортски работник, вљубеник во скијањето и воопшто во спортот, и има многу заслуги за напредокот на скијањето во Македонија, особено во обезбедувањето квалитетна соработка со меѓународните скијачки федерации, ФИС и ИБУ, со Македонскиот олимписки комитет, со Агенцијата за млади и спорт на Македонија.

Пановски се залагаше за омасовување и за што поквалитетна работа со младите, надежни скијачи во Македонија, како и за напредокот на стручните кадри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот