Почина поранешниот претседател на Уругвај, Табаре Васкез

Фото: EPA/DAVID FERNANDEZ

Поранешниот претседател на Уругвај, Табаре Васкез почина на 80-годишна возраст откако ја загуби битката со рак на белите дробови, напиша денеска на Твитер неговиот син Алваро Васкез.

Табаре Васкез беше претседател на јужноамериканската држава во периодот од 2005 до 2010 година, но и во периодот меѓу 2015 и 2020 година, а минатата година му беше дијагностициран канцер.

Неговиот син ја извести јавноста дека поранешниот уругвајски претседател починал во својот дом во Монтевидео во присуство на семејството и на пријателите.

– Во име на семејството, сакам да им заблагодарам на сите Уругвајци за љубовта која мојот татко ја добиваше во текот на сите овие години, напиша Алваро Васкез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот