Почина Клод Руиз-Пикасо, син на легендарниот Пабло Пикасо

Фото: Профимедиа

Клод Руиз-Пикасо, син на шпанскиот сликар Пабло Пикасо, почина во Швајцарија на 76-годишна возраст, потврди неговиот адвокат Жан-Жак Нојер во изјавата испратена до АФП во четвртокот, без да наведе причина за смртта.

Клод беше фотограф, графички дизајнер и филмски работник. Од 1989 година, синот на Пикасо управуваше со наследството на сликарот. Во јули објави дека заминува во пензија и дека задолженијата ѝ ги препушта на сестрата Палома.

Пабло Пикасо имаше четири деца. Највозрасниот син е Пауло, роден во врската со Олга Хохлова, кој почина во 1975 година. Потоа Маја, ќерка на Мари-Тереза ​​Валтер, која почина во 2002 година. Клод и Палома се родени во врската со Франсоаз Жило.

Клод Руиз-Пикасо зад себе ја остави сопругата Силви Вотиер и две деца.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот