Почина братот на Мадона, со години живееше под мост како бездомник

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Ентони Чиконе, братот на славната пејачка Мадона, почина во саботата на 67-годишна возраст, објавија американските медиуми.

Ентони живеел со неговата и сестрата на Мадона, Мелани Чиконе, а познато е и дека имаше проблеми со алкохолизмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joe Henry (@joehenrymusic)

„Мојот зет Ентони Џерард Чиконе почина минатата вечер. Го познавам од 15 години, толку години поминаа од пролетта на нашите животи во Мичиген“, објавил сопругот на Мелани, Џо Хенри.


Ентони долго време се бореше со алкохолизмот, а пред повеќе од 10 години беше објавено дека со години живее под мост во Мичиген и дека неговото семејство престанало да му помага.

Мадона, која е родена во Мичиген од родители католици, пораснала во предградијата на Детроит со пет браќа и сестри, од кои најстариот бил Ентони, роден две години пред неа во 1956 година.

Иако Мадона се преселила во Њујорк во 1978 година за да се занимава со танц и да се впушти во она што прерасна во исклучително успешна кариера, Ентони главно живеел во Мичиген, работејќи одвреме-навреме за нивниот татко, пред да стане жртва на алкохолизам и бездомник.

Братот на Мадона доаѓаше во судир со законот, па во 2013 година се здоби со повреди откако се спротивстави на апсењето во јавен тоалет кога е и направена оваа фотографија.

 

Фото: Профимедиа

Ентони Чиконе јавно ја обвини својата сестра Мадона и другите членови на семејството дека го напуштиле. Мадона му помагала на различни начини и му го платила престојот на рехабилитација во Тексас.

Кралицата на поп музиката засега не се огласила.

Мадона инаку, рано останала и без својата мајка, за што често зборуваше во интервјуата кои ги даваше во текот на нејзината кариера.

„Смртта на мајка ми ме обележа, цел живот ми недостигаше, тоа е дупка која никогаш не успеав да ја пополнам“, рече своевремено Мадона.

ФОТО | „Погледнете колку сум симпатична откако отокот од операцијата се намали“, им одговори Мадона на критиките

Пластичен хирург откри што се случило со лицето на Мадона, по непрепознатливото појавување на Греми

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се обидел да ѝ ја уништи свадбата: Полицијата го уапсила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот