По трагичниот настан се огласија и организаторите на концертот на Калиопи во Белград

Фото: EPA / Facebook

Македонската пејачка Калиопи вчеравечер го одложи концертот во салата „МТС“ во Белград, откако на една жена во публиката ѝ се слоши и за жал почина.

Пејачката се огласи на својот инстаграм-профил каде изрази сочувство на семејството на починатата жена и потенцираше дека ова ќе биде нејзина прва и единствена изјава за вчерашниот настан.

„Ова е најтажниот ден во мојата кариера…Денес наместо да го славиме животот на мојот концерт,загубивме еден живот…Во мое име и во име на целиот мој тим, изразуваме длабоко сочувство до семејството на починатата…Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас…Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт…Новиот датум ќе биде објавен наскоро“, напиша Калиопи.

Во меѓувреме се огласија и организаторите на концертот на Калиопи кои преку јавно соопштение накратко информираа дека концертот е одложен, а новиот датум дополнително ќе биде објавен.

„Поради непредвидени околности концертот на Калиопи закажан за вечерва се одложува, а новиот датум на концертот ќе биде објавен подоцна. Сите купени влезници за вечерашниот концерт ќе важат и за новиот термин. За подетални информации во најкраток можен рок ќе биде објавено соопштение за медиумите кое ќе биде достапно на веб-страницата како и на социјалните мрежи на Салата. Ви благодариме за вашето разбирање!“, напишаа во соопштението.

Калиопи прекина концерт во Белград откако почина жена во публиката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот