По трагедијата со 7-годишната Јонада: Се потпишува петиција за смена на „главните виновници“ за нејзината смрт

Фото: МИА

Во Албанија почна потпишување петиција за разрешување на министрите Бледи Чучи, за внатрешни работи, Мирела Кумбаро, за туризам, и Гледис Нано, генерален директор на полицијата, по смртта на 7-годишната Јонада Авдиа на плажата Потами, кај Химара.

Девојчето на 2 август беше усмртено од чамец што го управувал полицискиот комесар Ариан Тасе. Таа и нејзините родители биле дојдени на одмор од Велика Британија, каде живееле две децении.

Трагичниот инцидент предизвика голем револт во јавноста по што беа одржани два протеста, првиот под мотото „Не ја уби чамец, туку државата“ и вториот „Правда за Јонада“, на кои се бараше оставка на Чучи, Кумбаро и Нано.

Протестите, како и петицијата ги организира граѓанскиот сектор, поддржани од опозицијата.

Елиона Шкрели, претставничка на граѓанското општество, изјави дека главниот виновник треба да одговара и да биде разрешен. Додаде дека за само неколку часа петицијата ја потпишале повеќе илјади граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот