По рускиот ,,Панцир С” и моќниот француски ПВО систем ,,Мистрал 3″ пристигнува во Србија
Србија ќе го засили својот арсенал на оружје со моќниот француски против воздушен систем ,,Мистрал 3″. Пристигнувањето на ,,Мистрал 3 во Србија е резултат на договорот кој годинава беше постпишан за време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Белград, за набавка на француско оружје и воена опрема.
Се работи за моќен ПВО систем кој е ефикасен во дејствувањето на мали висини, за брзи и кратки релации, со голема маневарска способност , како и голема отпорност на дејствија на современите системи за самозаштита на воздухопловите.
,,Мистрал 3″ претставува последна генерација на преносни ракетни системи со краток домет и во однос на сличните системи на другите производители, се истакнува со низа напредни карактеристики.
Најдобра карактеристика е високата маневарска способност на ракетите што овозможува дејствување по воздухопловите кои интензивно маневрираат со оптеретување од 9 Г, и голем домет на раkетата што овозможува дејствување во воздухопловите на далечина од 7, 5 километри.
Проектилите имаа голема разорна моќ, како и висок степен на отпорност на технологијата на попречување која ја поседуваат модерните воздухоплови.
Преносниот ракетен систем со краток домет ,,Мистрал 3″ ќе биде испорачан во две варијанти. Првиот како преносен ПВО систем а вториот ќе биде интегриран во ракетно артилериските единици со високо ниво на заштита.
Набавката на ,,Мистрал 3″ се случува на само една недела откако Србија го набави моќниот руски ракетен систем ,,Панцир С”.
Набавката на ова моќно руско оружје ги зголеми тензиите во регионот, а САД и западните сојузници се заканија со одреден вид на санкции кон Белград, што подоцна беше негирано.
Од друга страна, Белград со набавката со француското оружје, како да ги смири страстите на западот, воедно демонстрирајки ја , барем засега , својата воена неутралност.