ПО РЕАКЦИИТЕ НА ЈАВНОСТА, стопирана легализација на џамија во Нерези

На денешната седница на Совет на Општина Карпош, советниците требаше да одлучуваат дали ќе се легализира џамија во Нерези, односно постоечки бараки во кои се изведуваат верски обреди. Иако во јавноста се шпекулираше дека станува збор за нов објект на последна станица на автобусот број 57, од  Карпош објаснуваат  дека не станува збор за изградба на нов објект туку велат се легализара постоечки кој се наоѓа во Горно Нерези.

Граѓаните стравуваат дека легализацијата на постоечките бараки, ќе овозможи надградба и доградба со што тие ќе се претворат во џамија. По притисокот од јавноста, Советот ја отстрании оваа точка од денешниот дневен ред.

– Координаторите на советничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средба со верските лица од објектот, кој и во моментов функционира како џамија, само што не е легализиран. Исто така планираме и средби со граѓаните кој живеат во Нерези, по што ќе одлучиме каков чекор ќе преземеме – одговорија од општина Карпош.

Од општината исто така во обид да ги смират реакциите на жителите од Нерези, во изјава за „Слободен печат“ демантираа дека по легализацијата на објектот ќе следи негова надградба и доградба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот