По раскинувањето со турскиот милијардер, Емина Јаховиќ ја обнови врската со поранешниот сопруг Мустафа Сандал? (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пејачката Емина Јаховиќ (37) по раскинувањето со турскиот милјардер Садетин Саран (55), наводно повторно ја обновила врската со поранешниот сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал (49).

Имено, пејачката и нејзиниот поранешен сопруг Нова година ќе ја дочекаат заедно во неговиот стан во Истанбул, во друштво на нивните синови Јавуз и Јаман.

Фото: Инстаграм

– Емина и Мустафа решија на својата љубов да дадат уште една шанса. Неодамна беа на вечера и отворено разговараа за се. Признаа дека сè уште постојат емоции помеѓу нив и дека најдобро е повторно да живеат под ист покрив. Ваквата одлука највеќе ја донеле поради нивните синови, кои на двајцата им се центарот на светот – рекол добро известен извор за српскиот весник „Информер“.

– По болниот крај со турскиот милјардер Садет, на Емина поранешниот сопруг и дојде како мелем на рана – додал изворот.

Да потсетиме, пред неколку дена турските медиуми ги фотографираа Емина и Мустафа во попладнедневна прошетка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот