По овој гол на Али Ахмети, Роналдо и Меси слободно можат да се пензионираат (ВИДЕО)

Лајм

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети учествуваше денеска на отварањето на новата спортска сала во основното училиште „Реџеп Вока” во тетовското село Шипковица. Тој беше во придружба од министерот за Образование Арбер Адеми, вицепремиерот Садула Дукраку, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, заменик министерот за Одбрана Беким Максути и многу други функционери на ДУИ.

По говорите кои ги одржаа за време на настанот, прв салата ја испроба Ахмети, кој му даде директен гол на заменик министерот за Одбрана Беким Максути, кој пак како што се гледа од видеото објавено од весникот Лајм, не успеа како голман да го одбрани голот на Ахмети.

Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот