По осми пат екипи од иста држава ќе играат во финалето на ЛШ
Полуфиналните дуели во Лигата на шампионите покажаа дека најдобриот фудбал се игра во Премиер лигата. Иако има поатрактивни клубови кои не жалат пари (ПСЖ), поорганизирани (Баерн Минхен) или клубови кои имаат голема традиција (Реал Мадрид, Барселона), сепак англиските екипи повторно ја „покорија“ фудбалска Европа бидејќи две нивни екипи ќе играат во финалето во Лигата на шампионите.
Манчестер сити за прв пат ќе игра во финалето, додека за Челси ова ќе биде трет натпревар во главната битка за трофејот, во претходните два настапи имаат половичен успех, загубија во 2008 година од Манчестер јунајтед, за во 2012 година да го победат Баерн Минхен.
Интересно е што на 29. мај во Истанбул по осми пат ќе играат екипи од иста држава во историјата на Лигата на шампионите.
За прв пат две екипи од иста држава во финалето на ЛШ играа во 2000 година кога Реал Мадрид благодарение на головите на Фернандо Мориентес, Стив Мекманаман и Раул со 3:0 ја совлада Севиља.
Наредното финале со две екипи од иста држава беше во 2003 година, но овој пат во главната улога беа „Италијанците“. На „Олд трафорд“ Милан по подобро изведување на пеналите беше поуспешен од Јувентус.
Потоа на ред дојдоа и Германците, во 2013 година на „Вембли“ играа Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Баварците славеа со 2:1.
Потоа на сцената се вратија Шпанците кои два пати имаа „свое“ финале. Во Лисабон 2014 година Реал Мадрид со 4:1 го совлада Атлетико Мадрид, додека две години подоцна истите екипи се сретнаа во Милано и повторно славеа „кралевите“ овој пат по подобро изведување на пеналите (1:1, 5:3 на пенали).
Последното финале на две екипи од иста држава се одигра во 2019 година кога Ливерпул во Мадрид со 2:0 го победи Тотенхем.