По барање на Рама, разрешен првиот човек на албанската тајна служба

Разрешен е директорот на албанската тајна служба,ШИШ, Херолинд Бендо. Разрешувањето е по барање на премиерот Еди Рама, за што уредба денеска потпиша претседателот Бајрам Бегај.

Во објава на социјалните мрежи Рама наведува дека Бендо лично побарал да биде отповикан од функцијата поради продолжување на постдипломските студии во Националниот универзитетот за одбрана во САД.

Во иднина наведува Рама ќе биде ангажиран како советник на премиерот за реформите во безбедносните структури.

Од друга страна лидерот на опозициските демократи Сали Бериша неговото разрешување го најави пред десеттина дена наведувајќи дека Бендо го „сметаат за шпион” и кршејќи ги уставните надлежности Бегај „по наредба на Рама ќе го стори тоа”. Тој додаде дека Бендо ги завршил студиите и се вратил во земјата.
Реакција, од сега веќе поранешниот прв разузнавач, нема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот