Пленковиќ за прогнозата дека тој ќе го предводи НАТО: Шведските медиуми се збунија, мислеа на Милановиќ

Фото: Denis LOVROVIC / AFP / Profimedia

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска, по велигденската миса се осврна на написите во шведските медиуми дека е потенцијален кандидат за нов генерален секретар на НАТО, како и на изјавата на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ дека „важно е да се избегне датумот на изборите за да се прилагоди на потребите на премиерот и неговата амбиција да се вметне во високо меѓународно тело“.

„Ми се чини дека шведските медиуми се збунија, мислеа на Милановиќ, бидејќи тој силно ја поддржа Шведска во однос на влезот во НАТО, дека и тој застапува многу јасни прозападни, трансатлантски позиции и дека едвај го чекаат во седиштето на НАТО“, рече Пленковиќ.

Шведските весници Афтонбладет и Дагбладет пишуваат дека земјите од Источна и Централна Европа долго време се чувствуваат запоставени во распределбата на клучните позиции во Европската Унија и НАТО.

Медиумите посочуваат дека сега се отвора простор за актуелниот романски претседател Клаус Јоханис, естонската премиерка Каја Калас и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Но, мандатот на романскиот претседател истекува дури во ноември 2024 година, а Калас се смета за премногу непријателски расположена кон Русија, што го става Пленковиќ во позиција на фаворит доколку се бара следниот генерален секретар од овој дел од Европа, пишуваат весниците.

Шведски медиуми: Столтенберг заминува, најсериозен кандидат за шеф на НАТО е Пленковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот