Пленковиќ добил писмо со бел прав и смртни закани

Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ вчера во седиштето на партијата добил писмо со бел прав и закани со смрт, пренеse Vjesti.ba.

Полицијата го земала пликот со сомнителна содржина и спроведува истрага. На Пленковиќ му се заканува смрт во писмото, а во пликот имало и бел прав.

Полицијата веќе уапси две лица за закани кон Пленковиќ, едното од областа Кутина, а другото од Загреб. Самиот Пленковиќ откри дека добивал закани пред Владата, а претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, го повика денес поради таа изјава.

Милановиќ пред новинарите изјави дека заканите се составен дел од работата и дека тој ги прифаќа.

-Ова е опасна работа во која се зафати Пленковиќ пред неколку години. Ако не си во можност да живееш со тој притисок, оди кај мама- му рече Милановиќ.

Полицијата уапси 63 годишен маж кој живее во истото село како и починатиот напаѓач Даниел Безук, и утврди дека после нападот велел оти цел на Безук бил Пленковиќ и како и тој самиот „мечтае да го убие”. Кај него е пронајдени и огнено оружје, како и експлозивни материи.

За попладнево е најавена и прес – конференција на која ќе бидат соопштени детали за истрагата за нападот на Марковиот плоштад. 

Извор: Vjesti.ba

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот